Галијани: Ќе биде романтично ако Ибрахимовиќ се врати во Милан

Поранешниот извршен директор на Милан, Адријано Галијани, ги коментираше гласините за враќањето на Златан Ибрахимовиќ во „Сан Сиро“.

На Ибрахимовиќ му истекува договорот со Лос Анџелес Галакси следниот месец и ќе има можност да го промени клубот како слободен агент, а многумина го гледаат Швеѓанецот како нов играч на калчолигашот Милан.

Некои италијански медиуми тврдат дека на Ибрахимовиќ веќе му бил понуден договор според кој за 18 месеци би заработил вкупно шест милиони евра, а Галијани ги коментираше гласините за враќање на славниот напаѓач.

Би било романтично да се врати. Но, јас се држам до тоа да не зборувам за тимови во кои не сум вклучен. Сега сум само навивач на Милан. Сепак, неговото враќање сигурно ќе го збогати италијанскиот фудбал, исто како што тоа го направи Јувентус со трансферот на Кристијано Роналдо, истакна Галијани за „Раи Спорт“.