Габи синоќа се радуваше на пехарот, а сите се сеќаваат кога ја нарече ЛЕ - сра*е!

Атлетико Мадрид со среќна епизода ја заврши оваа сезона кога капитенот Габи, во прегратка со Фернандо Торес, го крена пехарот од Лига Европа. Сепак, Габи не беше цела сезона насмеан и весел како синоќа. Пред неполни шест месеци зборуваше поинаку за Лига Европа.

Кога заврши петтото, претпоследно коло од групите во Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид, речиси, ги загуби шансите за пласман во осминафиналето. Одигра реми со Карабах и се стави во рацете на неостварива теорија, па за Габи ниту третото место и пласманот во Лига Европа не беше доволна утеха.

„Во моментов би рекол дека Лига Европа е еден куп срање, иако ми даде многу во животот. Она што во моментов ме боли е дека веќе ништо не е во наши раце. Мора да ја победиме Рома и да се надеваме дека Карабах може нешто против Челси. Во овој момент немаме шанси за осмианфиналето, мора да продолжиме да работиме напорно и да научиме од овие грешки“, рече тогаш Габи.

Јасно е дека овие зборови се искажани во моменти на револт од неуспехот, но ако го прашате сега, сигурно е пресреќен што не мора и од септември да игра во ЛЕ.