Фудбалер на ПСЖ од следната сезона во дресот на Борусија Дортмунд

Томас Мение во јуни ќе биде слободен фудбалер, откако ќе му истече договорот со ПСЖ, а негова следна дестинација е Борусија Дортмунд. 

Медиумите во Германија тврдат дека потпишувањето на договор со бундеслигашот е само формалност и дека сите детали се веќе договорени. Десниот бек кој има 28 години игра во одлична форма во дресот на „светците“ и затоа малку зачудува што Французите не се обидоа да го задржат.

Мение во Дортмунд ќе дојде како замена за Ашраф Хакими, бидејќи двегодишната позајмица на Мароканецот од Реал Мадрид ќе заврши ова лето. Зинедин Зидан го сака младиот фудбалер назад на „Бернабеу“.