Фиорентина во чест на Астори го смени клупскиот грб (ФОТО)

Трагедијата ја потресе фудбалска Италија, но и целиот свет по смртта на 31-годишниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, па италијанскиот калчолигаш објави дека во чест на својот фудбалер го менува клупскиот грб на неодредено време.

На познатиот грб на Фиорентина ставен е црн флор со името на Астори и со бројот 13 кој го носеше, а потегот ја расплака цела Италија. Навивачите на Фиорентина вчера цел ден се простуваа од својот капитен, кој почина во сон од срцев удар.

Астори беше италијански репрезентативец и фудбалер, кој денеска требаше да го потпише новиот договор со Фиорентина и со тоа практично да ја заврши кариерата на „Артемио Франки“