Фиорентина и Беневенто ќе прекинат со играта во 13-тата минута

Официјалните информации се дека натпреварот помеѓу Фиорентина и Беневенто ќе биде прекинат во 13-тата минута во чест на Давиде Астори.

Тоа е бројката на дресот, што ја носеше починатиот капитен на „виолетовите“, па во негова чест во оваа минута од натпреварот играта ќе прекине, а фудбалерите и навивачите ќе му дадат последен громогласен аплауз.