Фернандеш со смешен изговор: Судијата е виновен што го промашив пеналот!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, со смешно објаснување се обиде да се извади за промашениот пенал на вчерашниот дуел кај Фулам (1-1), а тоа е дека главниот судија Крис Кавана бил делумно виновен за неговиот непрецизен удар.

Португалецот во првото полувреме не успеа да реализира најстрога казна, а по мечот на „Крејвен Котиџ“ објасни дека непосредно пред ударот судијата ненамерно го оттурнал, што, според него, го извадило од ритам.

„Бев навистина лут, уште повеќе зашто судијата не се извини за тоа што го направи. За изведувачите на пенали е потребна концентрација, а тој момент ме поремети“, изјави Португалецот.

Сепак, Фернандеш не бараше целосно оправдување.

„Тоа не е изговор за мојот промашај. Ударот што го изведов беше лош и ја прифаќам одговорноста. Топката ја удрив премногу ниско и таа заврши високо над голот“, дополни ветеранот.