Фернандес конечно проговори: Сакам да играм во Англија, не ме интересираат шпекулациите

Играчот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандес, по секоја цена сака да се пресели во Премиер лигата, а за неговите услуги интерес покажа тимот на Манчестер Јунајтед, пишува „Скај Спорт“.

Сепак, тој истакна дека се фокусира на подготовката со португалскиот тим, а информациите за трансфер во моментов се само гласини.

Во моментов не ме интересира токму тоа. Веќе зборував доволно за ова прашање. Сега мојата единствена задача е да не го пропуштам летот (за турнејата во САД). Дали ова ќе биде мојата последна изјава во дресот на Спортинг? Не знам. За ова решаваат тренерите. Веќе реков дека сакам да играм во Англија, но во моментов не ме интересираат гласини, изјави Фернандес.

Тој минатото лето потпиша петгодишен договор со Спортинг, а клаузулата за откуп е околу 31 милион фунти. Интересно, ако Спортинг одбие таква понуда, Фернандес ќе добие компензација од клубот од 4.5 милиони фунти.