
Фелаини го сруши Арсенал во финишот (ВИДЕО)
„Топчиите“ беа на прагот да извлечат реми, но „ѓаволите“ дефинитивно ги заслужија трите бода, бидејќи дури три пати ја тресеа рамката од голот на гостите. Првиот гол за домашниот тим го постигна Пол Погба во 16-тата минута, по една убава акција, кој самиот ја започна.
Поранешниот фудбалер на Јунајтед, Хенрик Миктаријан постигна гол за 1-1 во 51-та минута. Манчестер притискаше до самиот крај, а најпрво имаше и поништен гол поради офсајд на Маркус Рашфорд. Маруан Фелаини беше највисок во скокот кога најмногу требаше и реализираше без гледање со тилот од главата за голема победа на дербито.
Ова беше последен натпревар за Арсен Венгер како менаџер на Арсенал на „Олд Трафорд“, стадион кој беше домаќин на многу епски мечеви помеѓу овие две екипи.