Федерер по три години тргна со победа во Синсинати

Роџер Федерер по пропуштениот турнир во Торонто, со победа се врати на теренот и го победи Петере Гојовчик во второто коло на Мастерсот во Синсинати.

Натпреварот траеше еден час и 12 минути, а Федерер доминираше во некои делови од играта, па така по 11. пати во кариерата се пласираше во осминафиналето на Синсинати, каде што ќе игра против Леонардо Мајер.

Турнирот го има освојувано седум пати, а последен пат настапи во 2015. година кога го победи Новак Ѓоковиќ во финалето, а наредните два турнира ги прескокна поради повреда.

Инаку, ова му беше 30. победа во 34 натпревари колку што одигра годинава.