
Фантастичен пресврт на Марсеј: Губеше со 2-0 кај Монпелје и победи (ВИДЕО)
Домашните поведоа во 30.минута благодарение на автоголот на Луан Перес. Само четири минути подоцна Гаетан Лаборд постигна фантастичен гол за 2-0. Гостите постигнаа три гола во рок од 12 минути, поточно 68-та до 80-тата. Џенгис Ундер прво намали на 2-1, а потоа на сцена стапи Димитри Паје. Капитенот прво израмни на 2-2 од слободен удар, а потоа по еден соло-продор реализираше за 2-3.
Натпреварот потоа беше прекинат во 89.минута, бидејќи домашните навивачи фрлаа на терен со тврди предмети. Откако продолжи играта, гостите го сочуваа водството и сезоната ја почнаа со три важни бода.