Фановите на Вулвс направија спектакуларна кореографија во чест на Жота! (ФОТО)

Слично како и на Енфилд вчера, така денеска беше и на Молину, навивачите на Вулверхемптон му оддадоа почит на нивниот поранешен играч, Диого Жота кој со неговиот брат го загубија животот во сообраќајна несреќа.

Пред да се пресели во Ливерпул, Диого Жота три сезони настапуваше за Вулверхемптон.

Поради тоа емотивни сцени денеска имаше и пред мечот меѓу Вулвс и Манчестер Сити.

Покрај минутата молк, навивачите на Вулвехтмптон направија неверојатна кореографија во чест на Жота.