Евертон се спаси, можеби има надеж и за Манчестер Сити

Англискиот премиерлигаш Евертон се спаси од казна одземање бодови поради прекршување на финансискиот ферплеј.

Независната регулаторна комисија пролонгира дел од казната која се однесува на каматите за новиот стадион, а паузата му овозможи на Евертон да приложи повеќе информации за своето сметководство.

„По разгледувањето на информациите и документите од клубот, Управниот одбор на Премиер лигата одлучи дека не би било прикладно, ниту пропорционално да се продолжи со вториот дел од жалбата. Клубот и лигата се согласни дека со ова се завршуваат сите постапки меѓу лигата и клубот во врска со правилата за профитот и одржливоста за финансиските години кои завршија на 30 јуни 2022 и 30 јуни 2023 година“, пишува во соопштението.

Многумина ова го го видоа како надеж за Манчестер Сити дека може да се спаси од тужбата со 115 обвиненија против клубот за што одлуката се очекува напролет.