Еуфорија меѓу навивачите: Анри се враќа во Арсенал

Управата на Арсенал во наредните денови би требало да соопшти официјално кој ќе стане нов тренер на клубот и ќе го замени Арсен Венгер, кој по 22 години заминува од „Емирати“, а на негово место би требало да пристигне Микел Артета.

„Скај спортс“ пишува дека Артета не е единствен поранешен фудбалер на Арсенал, кој ќе се врати во екипата. Доколку Шпанецот пристигне кај „топчиите“, тогаш негов асистент би требало да биде легендарниот Тјери Анри.

Анри наводно нема да го продолжи договорот со фудбалскиот сојуз на Белгија, каде што работи како помошник на Роберто Мартинез.

Медиумите пишуваат дека преговорите се во завршна фаза, па наскоро Арсенал би требало да го претстави стручниот штаб, кој треба да го предводи тимот кон нови успеси.