Ето е нов претседател на Камерунската фудбалска федерација

Легендарниот голгетер на Барселона, Интер, Челси и многу други клубови, Самуел Ето е избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Камерун, откако денеска доби 43 гласови од делегатите на изборното Собрание. 

Ето одигра 118 натпревари за својата репрезентација додека беше професионален фудбалер и постига 56 голови. Четири пати беше прогласен за најдобар Африкански фудбалер, а два пати со својата земја го освои Африканскиот Куп на нации. 

„Ова е еден од моите најгорди денови во животот. Секој глас ја претставува енергијата и амбицијата на моето фудбалско семејство да го одведеме нашиот сакан спорт на ниво невидено досега“, напиша на социјалните мрежи Ето.