Емери си замина, но Арсенал повторно е очаен! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал ремнизираа 2-2 на гостувањето на „Кароу Роут“ против тимот Норич.

„Топчиите“ влегоа на овој натпревар без менаџер, откако Унаи Емери беше разрешен во текот на неделата, но ниту без шпанскиот стручњак Арсенал не можеше да победи.

Норич беше поблизу до победата. Поведоа на двапати, но на крајот одиграа само нерешено.

Домаќините поведоа со голот на Пуки во 21. минута, но гостите од Лондон израмнија на 1-1 со удар од белата точка, а прецизен беше Обамејанг.  Сепак, на полувреме се замона со 2-1, а стрелец на погодокот беше Кантвел. Обамејанг запиша нов погодок за Арсенал во 57. минута за конечни 2-2.

Инаку, на овој меч на менаџерското столче во Арсенал седеше Фреди Љумберг.

Во уште еден натпревар одигран денес Вулверхемптон и Шефилд ремизираа 1-1.