Елмас уште денеска може да дебитира – од клупа чека шанса против Кремонезе

Македонскиот бисер Елиф Елмас денеска и официјално стана најскапиот македонски фудбалер во историјата, откако го потпиша петгодишниот договор со Наполи вреден 7,5 милиони евра и со тоа се комплетираше трансферот од 16 милиони евра плус бонуси одФенербахче.

И веднаш откако Наполи и газдата Аурелио Де Лаурентис се пофалија дека го донесе екстраталентираниот фудбалер за врска, кој синоќа дојде во тренинг-центарот Димаро, Елмас веќе денеска може да дебитира за наполитанците.

Наполи го чека дуел со Кремонезе од 17.30 часот, а Елмас е на клупата за резерви, па ќе чека шанса за да заигра на овој тест меч.