Ел Келаифи: Мбапе не остана во ПСЖ поради парите, друг клуб може да плати повеќе

Претседателот на ПСЖ, Насер ал Келаифи очекувано е пресреќен што успеа да го убеди Килијан Мбаше да го продолжи договорот со клубот до јуни 2025 година. 

Катарецот застана во одбрана на својата ѕвезда по обвинувањата, дека тој останал во клубот само поради огромните пари кои му биле понудени.

„Парите не се најважната работа за Килијан. Во Шпанија има друг клуб, кој можеше да плати многу повеќе од нас. Спортскиот проект беше најважната работа за Килијан да продолжи со нас“, рече Ал Келаифи.

Првиот човек на парижаните беше запрашан и за жалбата што претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас сака да ја испрати против ПСЖ и нивното финансиско работење.

„Можеби Тебас се грижи Лига 1 да не стане поквалитетна од Ла Лига. Оваа лига не е толку силна како пред 3-4 години“, рече Ел Келаифи.