„Ел Чирингито“: Милан со пет милиони евра тргнал по Енис Барди?!

Шпански „Ел Чирингито“ кој пред крајот на ланската 2021 година го најави интересот на Барселона за македонскито голман Столе Димитриевски, објави денеска дека италијанскиот великан Милан тргнал по ангажман на репрезентативниот фудбалер за врска Енис Барди и тоа со – пет милиони евра.

Не е првпат Барди да се поврзува со Милан, зашто во јули лани исто така се појавија информации дека „росонерите“ сериозно се заинтересирани за македонскиот репрезентативец од Леванте и дека кризата на шпанскиот клуб со финансиите и долгот кој мораше да го исчистат од 15 милиони евра ги стаа во позиција со добра понуда за го грабнат македонскиот „снајпер“.

Но, таков трансфер летоска не се оствари, а сега повторно Барди се поврзува со Милан и тоа според шпанскиот медиум, „росонерите“ нудат пет милиони евра, што е помалку и изненадувачки, зашто станува збор за сериозна сума на пари, а договорот на македонскиот фудбалер истекува на лето и ќе е слободен фудбалер, а во моментов може со било кој клуб да потпише пред-договор.

Наводно, покрај Милан и Торино од Серија А е заинтересиран за Барди, најави „Ел Чирингито“. Инаку пред година ипол, Барди се поврзуваше и со лондонски Арсенал, но ништо од најавените бомбастични трансфери не се реализира. Тој е фудбалер на Леванте од јули 2017 година кога за 1,5 милиони евра дојде од унгарски Ујпешт.

Вчера, шпански „Ел Гол Директ“ објави дека Реал Сосиедад е сериозно заинтересиран за Барди да го земе на лето како слободен играч зашто многу извесно е заминувањето на Аднан Јанузај од Сан Себастијан.