Реал Сосиедад тргнува по Барди – Баскијците ептен загреани за македонскиот „снајпер“!

Шпански Реал Сосиедад е многу загреан за да го ангажира македонскиот репрезентативец Енис Барди во своите редови, но не во овој зимски преоден рок, туку на лето, кога би го земал бесплатно после завршување на договорот, најави „Ел Гол Дигитал“ од Шпанија.

Според информациите, во Сан Себастијан исклучително им се допаѓа Барди и во него гледаат големо засилување за тимот, а на рака им оди фактот што Леванте моментно е последен и прв фаворит за испаѓање, па по завршување на договорот баскискиот тим многу лесно може да го „украде“ македонскиот репрезентативец.

Во Сосиедад посебно се импресионирани од Барси од неговите слободни удари и центаршутеви, со што тимот со него би добил уште еден посилен адут на мечеците, а секако ако се реализира ваков трансфер, тоа за Барди би бил сериозен чекор нанапред во кариерата. Плус, на фудбалерот за врска нема да му треба период за адаптација, зашто веќе четири ипол години е дел од шпанската Ла Лига.

Медиумот потенцира дека Барди е прва опција за засилување и поради многу поизвесното заминување на Аднан Јанузај од тимот, иако на маса овој фудбалер има нова понуда за договор, но како течат преговорите засега е многу поблизу до заминување. Во Сосиедат во моментов преговараат за нова соработка и со Давид Силва, а раководството на клубот е помирено дека еден од овие двајца ќе си замине, а многу поблизу е Белгиецот со албанско потекло.