Единствениот Италијанец кој остави впечаток на ЕП, оди во - Премиерлигата!

Дефанзивецот на Болоња, Рикардо Калафиори летово ќе го напушти клубот, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се посочуваат Арсенал и Челси.

Калафиори е еден од малкуте италијански фудбалери кои импресионираа на Европското првенство, дефанзивецот го сврте вниманието на гигантите.

Јувентус го следи веќе неколку месеци, но информациите велат дека Болоња преферира да го продаде надвор од Италија.

„Не верувам дека ќе оди во Јувентус, веројатно тоа ќе биде во странство, но ќе се обидеме да го задржиме“, вели директорот на Болоња, Џовани Сартори.

Според „Газета дело Спорт“, Арсенал го посакува 22-годишниот фудбалер, но Челси притиска тој да дојде до неговиот потпис.

Има некои информации дека и Ливерпул, Тотнем и Вест Хем би можеле да се вклучат во трката.

Болоња сака сума од најмалку 50 милиони евра, но голем дел од тие пари ќе завршат на сметката на Базел.

Болоња го купи Калафиори од Базел за само 4 милиони евра, но во договорот има дека 40% од следната продажба треба да завршат во касата на швајцарскиот тим.

Арсенал покрај парите, на Калафиори може да му понуди и настап во Лигата на шампионите, Челси може да му даде повеќе пари, но не и настап во елитното клупско натпреварување.