Драма на Вимблдон: Прекинат меч кај жените – лекарите мораа да реагираат на трибините!

Дарија Касаткина и Пола Бадош денеска ги одмерија силите во меч од 4. коло на Вимблдон, но мечот на овие две тенисерки мораше да биде прекинат, бидејќи лекарите мораа да реагираат зашто на едно лице на трибините му се слоши.

При резултат 5-3 во првиот сет за Бадоса, на госпоѓа од трибините ѝ се слоши, па брзата помош мораше итно да реагира. За среќа, навивачката брзо се врати на нозе, па натпреварот, кој се игра во моментов, можеше да продолжи.

Прекинот и се „погоди“ на Касаткина, која успеа да се врати и да израмни во првиот сет, кој мора да биде решен во тајбрејк. Двете тенисерки досега немаат загубено сет на овој турнир.