Ибрахимовиќ и официјално го промовира новиот тренер на Милан!

Италијанскиот фудбалски гигант Милан денеска и официјално го промовира новиот тренер - Португалецот Пауло Фонсека.

Тој пред неколку дена пристигна во Милано, а по презентацијата ја имаше и својата прва прес-конференција. Добредојде му посака директорот на клубот, Златан Ибрахимовиќ, а Фонсека во своето обраќање се обиде да ја објасни својата визија за „росонерите“.

„Доаѓам во клуб кој сака да победува, свесен сум за тоа. Бев во клупскиот музеј и ја разгледав историјата на Милан, поради што морам да признаам дека сум среќен што ќе бидам дел од еден ваков клуб. Тука сум бидејќи верувам во борба за титулата во Серија А, а тоа значи дека им верувам во фудбалерите се дел од клубот. Не е тајна дека ни се потребни засилувања, на некои позиции ќе мора да се подобриме“, изјави португалскиот стратег.

Фонсека, кој во Италија доаѓа по две сезони на клупата на француски Лил, доби двегодишен договор во Милан со опција за продолжување на уште една година.