Де Хеа не планира да пропушти уште една сезона – веќе разгледува две понуди!

Шпанскиот голман, Давид де Хеа (33 години) својот последен натпревар го одигра на крајот од сезоната 2022/23, кога му заврши договорот со Манчестер Јунајтед, кој не го продолжи, ниту, пак, ниту потпиша за друг клуб, но по една година пауза наскоро би можел да се врати на фудбалските терени.

Искусниот чувар на мрежата во моментов има две понуди од Саудиска Арабија. Едната доаѓа од Ал Шабаб, клуб предводен од Витор Переира, а за кој игра Хрватот Иван Ракитиќ, додека името на другиот клуб засега не е познато. Де Хеа помина 12 години во Манчестер Јунајтед, каде пристигна како 21-годишник од Атлетико Мадрид. Со „ѓаволите“ ги освои Премиер лигата (2012/13), ФА Купот (2015/16) и Лига Европа (2016/17), а двапати беше прогласуван за најдобар голман во Англија (2018 и 2023 година).

Неговата пазарна вредност во моментов е само пет милиони евра, додека на врвот на кариерата вредеше 70 милиони евра. За Јунајтед одигра 545 натпревари, прими 590 гола, а на 190 средби не прими ниту еден погодок.