„Федерер е Меси, а Ѓоковиќ е како – Кристијано Роналдо!“
Тој е на мислење дека Федерер е природен талент како аргентинскиот фудбалер, додека Ѓоковиќ е како Португалецот, кој со напорна работа постигна многу.
„Вчера разговарав со пријател и се согласивме дека Федерер е како Меси, а Ѓоковиќ како Роналдо. Зашто Федерер е чист талент и потребно е да го почувствува тоа што го прави, додека од друга страна Ѓоковиќ е супер напорен работник кој внимава на секој можен детал", вели Муратоглу.
Србинот во кариерата го надмина Швајцарецот во речиси сите можни категории. Тој има четири гренслем-титули повеќе од тенисерот од Базел, кој се повлече од теренот во септември 2022 година. Ѓоковиќ сезонава е без титула на АТП, има злато од Олимписките игри, а во моментов настапува на мастерсот во Шангај, кој го освои четири пати.