„Ѓоковиќ победува на Вимблдон само зашто играше против – лоши тенисери!“

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, вечерва ќе го одигра осминафиналниот дуел на Вимблдон против Холгер Руне, талентиран тенисер од Данска кој неодоливо потсетува на него од младите денови.

Двајцата се познаваат со години, веќе одиграа неколку навистина одлични мечеви, поради што сите очекуваат нова историска пресметка на Централниот терен. Букмејкерите велат дека Србинот е фаворит, иако тој самиот признава дека коленото „не му е идеално“, па затоа има и такви кои тврдат дека Руне ќе победи. Дури и специјализираниот портал „Тенис.ком“ ги советува своите читатели да се обложат на Данецот, наведувајќи дека Ноле стигна до втората недела на Вомблдон играјќи не толку добар тенис против слаби ривали.

„Ѓоковиќ беше предизвикан и од малку познатите Фирнли и од Попирин, а сега ќе игра против супер-талентираниот Руне. Ова ќе биде нивна шеста средба, а Руне има предност од 3-2. Тој никогаш досега не го победил Данецот без загубен сет. „За време на три натпревари на Вимблдон, Ѓоковиќ не покажа знаци на проблеми по операцијата на коленото, направена пред само три недели. Изгледа како пред повредата, со подеми и падови во неговата игра. Пред да дојде во Лондон, Ѓоковиќ имаше скор од 18 победи и осум порази, па дури и со три триумфи на Вимблдон, неговиот победнички процент (72,4-отсто) е најнизок од 2006 година. Исто така, паднаа и другите проценти во неговата игра, па тој добива само 82,7 гема на свој сервис, најмалку од 2010 година. Ѓоковиќ имаше среќа да игра против лоши тенисери, па дури и неговата игра, која е за 3+, досега е доволна. Но тој нема да може да го направи тоа против Руне, кој добро сервира, погодува се од основната линија и има исклучителна самодоверба, Руне е еден од ретките што ќе влезе во мечот против Ѓоковиќ со мислење дека е подобар играч“, пишува меѓу другото во текстот на Тенис.ком.

Српскиот тенисер со евентуален триумф против Данецот ќе се најде во можност да се бори за полуфинале против подобриот од осминафиналната пресметка помеѓу Алекс Де Минаур и Артус Филс.