Карвахал ги потврди ужасните вести: За него сезоната е завршена! (ФОТО)

Тоа од што навивачите на Реал Мадрид најмногу стравуваа, сега е и потврдено, Дани Карвахал ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и за него сезоната е завршена.

Реал Мадрид вчера со 2-0 го победи Виљареал, но во самиот финиш од мечот, во судиското продолжение загуби клучен играч. Дани Карвахал заработи тешка повреда на лигаментите.

Дека се работи за најлошото сценариот, потврди и самиот Карвахал и вети дека ќе се врати како ѕвер.

„Сериозна повреда на вкрстените лигаменти е потврдана, ќе имам операција и ќе бидам надвор од теренот неколку месеци. Веќе гледам позитивно кон почетокот на опоравувањето и ќе се вратам како ѕвер. Ви благодарам на сите за пораките, се чувствувам сакано“, рече Карвахал преку социјалните мрежи.

Ова е сериозен удар за Реал Мадрид, Карвахал е еден од клучните фудбалери во тимот.