Антиќ во улога на менаџер: Кога-тогаш ќе го донесам Богдановиќ во Ц. Звезда!
Неговото присуство во Лакташи беше интересно за локалните медиуми, кои се обидоа да дојдат до мислење на повеќе кошаркарски прашања од некогашниот НБА кошаркар. Меѓу другото, тој проговори и за поранешнот соиграч од Фенербахче, Богдан Богдановиќ и тоа од позиција на негов потенцијален менаџер. Антиќ покажал решителност да го донесе поранешниот партизановец во таборот на Црвена Звезда.
„Пред два дена се допишувавме, во постојан контакт сме, се шегуваме, бевме цимери. Ќе го донесам некогаш во Црвена звезда. Рече дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но мислам дека ќе ја заврши во црвено-белиот дрес“, смеејќи потенцирал Антиќ.
Оваа изјава на предводникот на макбаскетот предизвика голем интерес во српските медиуми и меѓу Делии, без разлика што е ептен тешко да се очекува дека „детето на Партизан“ би заиграл за Ц. Звезда дури и по молба на својот голем пријател од Македонија.