Демирал сепак е суспендиран: Турците ќе се жалат за двојните стандарди на УЕФА

Бурни реакции во јавноста донесе одлуката на УЕФА да го суспендира Џуд Белингем на еден натпревар со тоа што фудбалерот во период од една година ќе има можност да го избере натпреварот во кој ќе ја одработи суспензијата.

Најмногу ситуацијата се споредува со Мерих Демирал од Турција на кого сепак му е потврдена суспензијата од следните два натпревари на Турција.

Фудбалската федерација на Турција по најавите на германските медиуми тврдеше дека Демирал не е суспендиран, но сепак потврдата стигна и тој нема да биде на располагање за утрешната пресметка со Холандија, како ниту за полуфиналето ако Турција таму се пласира.

Од Турција најавија и дека ќе испратат жалба до Лозана надевајќи се на брза одлука.  Од друга страна во УЕФА веројатно во одбрана ќе го користат тоа што симболот на Демирал е политички, па затоа и казната е построга.