Тиквеш ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Бреидбалик

Екипата на Тиквеш утрово објави дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот кој овој тим ќе го игра против Бреидабил во рамките од квалификациите за Конференциската лига.

Билетите се по цена од 200 денари, додека за ВИП местата цената е 500 денари. Натпреварот се игра во четврток со почеток од 17:00 часот на Арената „Тодор Проески“.

Тиквеш ќе потсетиме обезбеди европски квалификации како освојувач на Купот на Македонија откако во финалето ја победи Воска Спорт.