Најдовски се врати во Вардар: Верувам во овој проект, затоа сум тука!

Филип Најдовски од денеска е нов фудбалер на Вардар, а овој трансфер е и почеток на промените кои се најавени во Вардар.

Денеска од 17:00 часот започнуваа и подготовките за новата сезона со тренерот Горзад Михајлов и во наредниот период се најавени и уште неколку засилувања.

„Чест и привилегија е по четири години повторно да го облечам светиот дрес. Верувам во овој проект затоа што сум тука. Понудата од Вардар едноставно не можев да ја одбијам, тука е мојот втор дом. Сакаме Вардар да го вратиме на вистинските патеки, а тоа во самиот врв на македонскиот фудбал и секако во Европа“, изјави Најдовски.

Претходно Најдовски дресот на Вардар го носеше од 2018 до 2020 година.