Грција обезбеди билет за Париз, нема Олимпијада за Хрватска!

Грција со 80-69 ја победи Хрватска во финалето на турнирот во Пиреја и се пласираше на Олимписките игри во Париз.

Грците ја искористија предноста на домашен терен, ја совладаа Хрватска убедливо и ја остварија целта.

Хрватска парираше во првата четвртина која заврши нерешено 22-22, но потоа Грција почна да се одлепува, на полувремето беше 45-39. 

Во третиот период победникот беше решен, Грција дојде до водство со 66-53. Во последниот период само ја одржа предноста за конечен триумф од 80-69.

Адетокумбо беше најефикасен со 23 поени, Папајанис реализираше 19. Најдобар кај Хрватска беше Зубац со 19 поени.