Реал не можеше да се израдува на победата - тешка повреда на Карвахал! (ВИДЕО)

Реал Мадрид со спектакуларни голови на Валверде и Винисиус го победи Виљареал со 2-0, но сето тоа падна во сенка поради тешката повреда на Дани Карвахал пред самиот крај на мечот, се чини дека дефанзивецот ги скина лигаментите на коленото.

Имаше уште минута од судиското продолжение, мечот веќе беше решен и тогаш Карвахал се повреди и почна да се превиткува од болка. По неколкуминутна интервенција беше изнесен со носилка надвор од теренот. Се жалеше на повреда на коленото.

Деталните тестови ќе покажат дали се работи за скинати лигаменти, а ако е тоа тогаш сезоната за него ќе биде завршена.

Што се однесува до играта, Реал Мадрид поведе со гол од далечина на Валверде уште во 14. минута, убав погодок за водство од 1-0.

Во 73. минута Винисиус постигна уште поубав гол од далечина за конечна победа од 2-0.