Украинката Махучик сруши рекорд во скок во височина стар 37 години (ВИДЕО)

Украинката Јарослава Махучик на митингот од Дијамантската лига во Париз денеска сруши рекорд во скок во височина кој беше стар 37 години.

Рекордот Украинката го сруши со скок од 210 сантиметри и така конечн беше соборен рекордот на Стефка Костадинова кој во 1987 година во Рим прескокна еден сантиметар помалку.

Конкуренцијата денес немаше никакви шанси против расположената Јарослава која уште во првиот скок скокна 207 сантиметри, а потоа со рекордот само ја потврди победата.