Се налутија: Реал Мадрид прави проект кој би доминирал во Евролигата следните – пет години!

Кошаркарската секција на Реал Мадрид влезе во мисија да создаде тим кој не е типичен европски, потпишувајќи играчи за период од пет години.

„Кралевите“ доминираа минатата сезона во Евролигата, но на крајот кикснаа и загубија од Панатинаикос во финалето на фајналфорот во Берлин, по што им стана јасно дека им е потребна. Се пензионираа ветераните Серхио Родригез и Руди Фернандез, Винсент Поарје и Фабијан Козер го напуштија клубот, се уште се чека одлука во врска со Серхио Љул, додека останатите кошаркари почнаа да се „заклучуваат“ на невообичаено долг период.

По големиот интерес од Партизан и другите европски клубови, Марио Хезоња, сепак потпиша со шпанскиот гигант до 2029 година, а денеска истото го стори најдобриот во тимот, Валтер Тавареш. Многумина сметаа дека џинот ќе го напушти клубот, се споменуваше Дубаи, но се договори да потпише невообичаено долг договор за европската кошарка. Покрај нив двајца, Габриел Дек има договор до 2028 година, додека Факундо Кампазо и новакот Андрес Фелиз се потпишани до 2027 година. Абалде, Муса и Јабуселе имаат едногодишни договори со Реал Мадрид, а се очекува наскоро и тие да ја продолжат соработката, исто како што неодамна направи тренерот Чус Матео, во кого и како имаат доверба, бидејќи планираат да го задржат до 2026 година

Овој тим Реал Мадрид дефинитивно ќе биде еден од најголемите фаворити за освојување на Евролигата следната сезона, но и во следните пет колку што „кралевите“ планираат да ги задржат своите најдобри.