Емоции на Вимблдон: Енди Мареј испратен со солзи и силни овации

Легендарниот британски тенисер, Енди Мареј во солзи се прости од Вимблдон кој го освои во 2013 година кога овој трофеј го врати Велика Британија по цели 77 години.

Прославниот шкотски тенисер таа година стана првиот Британец по Фреди Пари уште од 1936 година кој успеал трофејот на Вимблдон да го сочува во својата земја.

Сега, 11 години подоцна, Мареј во солзи се прости од еден од најголемите светски турнири. Енди играше во пар неговиот брајт Џејми и изгуби од Ринки Хијкате и Џон Перс во конкуренција во дабл.

„Сакам да играм засекогаш. Го сакам овој спорт, ми даде навистина многу. Ме научи на многу лекции кои ќе ги користам до крајот на животот. Не сакав да запрам и поради тоа ми е тешко“, зборуваше низ солзи Мареј.

Големите тениски имиња како Новак Ѓоковиќ, Ига Швојнтек, Мартина Навратилова, Џон Мекинро...беа тука да го поздрават Мареј со громогласен аплауз. Освен споменатата 2013 година, Мареј го освои Вимблдон и три години подоцна во 2016.