Артета потпишува нов договор и добива поголема моќ во Арсенал

Meнаџерот на Арсенал, Микел Артета истакна дека има голема поврзаност со клубот и не постои никаква пречка да потпише нов договор.

Договорот на Артета истекува на крајот од сезоната и очекувањата се да биде продолжен. Желба има и од двете страни и ако не дојде до нова соработка тоа би било големо изненадување.

Според сегашниот договор, Шпанецот заработува девет милиони фунти по сезона. Новиот ќе му донесе многу повеќе пари, но и поголем авторитет во клубот кога во прашање се доаѓањето и заминувањето на фудбалерите.

Арсенал во минатата сезона беше втор во Премиер лигата со два бода помалку од Манчестер Сити, додека во Лигата на шампионите ги запре Баерн во четвртфиналето.

„Се уште договорот не е обновен, но тоан е ги менува работите. Среќен сум од тоа како ме ценат во клубот. Работите одат по природен тек, а нашата врска е добра и нема да има проблеми“, истакна Артета.