Падна рекордот на вардарецот Штербик: Германски голман направи историски трансфер!

Германскиот ракометен репрезентативец, Андреас Волф, повторно ќе заигра во Бундеслигата, откако направи историски трансфер од Киелце во Кил, клуб за кој настапуваше од 2016 до 2019 година.

Полјаците добија отштета од 1,6 милиони евра, најголема досега во европскиот ракомет, со можност да инкасираат и дополнителни 400.000 евра ако „зебрите“ во следните две сезони триумфираат во ЛШ, Европската лига или во Бундеслигата. Титулата во ЛШ вреди екстра 200.000 евра, Киелце би инкасирал уште 200.000 евра за титула во Бундеслигата, а ако Кил ја освои Европската лига, сумата која ќе легне на сметката на полскиот тим ќе биде 100.000 евра. Волф, пак, годишно ќе заработува 500.000 евра.

Со ова, меѓу другото, е урнат рекордот на Арпад Штербик, за кого управата на Вардар, неофицијално, плати отштета од 500.000 евра.