Ѕвезда на ПСЖ доживува слична судбина како Дарко Велковски поради – нелојалност!?

Се сеќавате на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, кој минатата зима не го продолжи договорот со најтрофејниот макеоднски клуб Вардар, па пет месеци пред истекот на договорот и веќе договорената соработка со Риека беше „казнет“ од црвено-црните со преместување во младинскиот погон.

Велковски доби казна за „нелојалност“, па клубот не сметаше на него во пролетниот дел од минатата сезона. Слична судбина сега ќе преживува и француската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Адриен Рабио. Тој нема да биде преместен во младинскиот погон, ама ќе биде закован на клупата или на трибините, зашто ПСЖ не смета повеќе на него, штом тој одбива да ја продолжи соработката.

Рабио од поодамна ги прекина преговорите за новиот договор и тоа во момент кога сите очекуваа дека ќе падне конечен договор, па сега наводно има веќе сигурен трансфер во Барселона како слооден играч.

„Тоа што тој го прави е непочитување кон клубот каде проникна и кој го направи фудбалер. Сега ќе ја грее клупата се додека не си замине“, вели Енрике Антеро, спортскиот директор на „светците“.

ПСЖ сака да го продаде Рабио за да им го упропасти трансферот без отштета на Барселона, но сепак се зависи од фудбалерот и дали ќе прифати трансфер или ќе тера со инаетот само за да се пресели во Каталонија. Инаку за Рабио, освен Барселона, интерес покажуваа и Ливерпул, Милан, Рома и Јувентус.

Менаџер на Рабио е неговата мајка.