Два премиерлигаши во борба за чудото од дете - Матис Тел!
Тренерот Венсан Компани не му дава минутажа на младиот фудбалер, кој повеќе не сака да биде резерва на англискиот напаѓач Хари Кејн, па затоа до крајот на зимскиот преоден рок сака да се пресели во друг тим, а во борбата за неговиот потпис се вклучија два премиерлигаши.
Манчестер јунајтед и Тотнем испратиле понуди во последните 24 часа до Баерн за позајмица на Тел, но засега нема одговор од Минхен.
Претходно за услугите на Тел беа заинтересирани и други тимови, меѓу кои беше и Челси.