
Дури 13 клубови испратиле понуда до Интер за Пио Еспозито, за сите одговорот бил ист!
Информациите од Италија велат дека дури 13 клубови го побарале на позајмица.
Болоња, Наполи, Лацио, Фиорентина, Каљари, Парма, Комо, Сасуоло, Торино, Базел, Лестер, Ајакс и Нотингем форест се клубовите кои сакале да го видат Еспозито во својот напад.
Но, одговорот за сите бил ист, Еспозито ќе остане во Интер и ќе има се позначајна улога во тимот.