Драмата продолжува: Модриќ открил каде ќе се пресели во јануари!?

Италијанските медиуми повторно почнаа со шпекулациите за Лука Модриќ и Интер. Летово италијанскиот клуб не успеа да го реализа тој трансфер, а Реал Мадрид ги тужеше кај ФИФА, која ги отфрли обвинувањата.

Но, очигледно контактите не се прекинати, па така „Спорт Медијасет“ пишува дека Модриќ разговарал со Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Шиме Врсаљко, па им открил дека во јануари ќе стане нивни соиграч.

Секако, приказната не е проверена, но италијанските медиуми се убедени дека Интер во јануари ќе се обиде да го ангажира Модриќ.

Меѓутоа, останува прашањето како ќе се обидат да го убедат претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, да се согласи на ваков трансфер, откако претходно го налутија.