Деле Али ќе ја оживува кариерата во тимот на актерите Рејнолдс и Мекелени!?

Англискиот фудбалер Деле Али неодамна остана без ангажман, откако договорот му го прекина калчолигашот Комо, па сега му се нуди спас од Врексам кој се натпреварува во Чемпионшип-лигата.

Кариерата на поранешниот англиски репрезентативец се движи во надолна линија во претходните години, но дефинитивно би бил големо засилување за Врексам, откако газдите и актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелени покажале интерес.

Али во претходните години играше за Тотнем, Евертон, Бешикташ и Комо.