Де Јонг: Имаше луѓе во Барселона кои сакаа да ме продадат за да наполнат џебовите

Еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Френки Де Јонг пред неколку дена се договори со шпанскиот шампион Барселона за соработка до 2029 година, но потоа ја „отвори душата“ пред медиумите и раскажа низ што морал да помине.

Де Јонг трпеливо ги чекаше Каталонците да му понудат нов договор со оглед на тоа дека имаат финансиски проблеми, поради кои во минатото Холанѓанецот беше и на листата за продажба.

„Имаше момент кога во Барселона работеа луѓе што сакаа да ме продадат за да си ги наполнат џебовите“, открива Де Јонг.

Холандскиот репрезентативец пристигна во Барселона во 2019 година од редовите на Ајакс.

Фото: FC Barcelona