Челси жестоко ќе го казни Куртоа!

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа, кој не се враќа на тренинзите на Челси обидувајќи се да издејствува трансфер во европскиот првак Реал Мадрид, жестоко ќе биде казнет од лондонскиот тим и тоа со две неделни плати поради прекршување на клупската дисциплина, објавија англиските медиуми.

Според најавите, Челси планира да го казни Куртоа со 200.000 фунти поради тоа што не се појави на тренинзите на тимот. Куртоа подоцна требаше да се приклучи на тимот поради настапот со Белгија на 21-то Светско првенство во Русија, каде ја освои бронзата. Тој требаше утрово да се врати во Лондон, но тоа не се случи, па се најавуваше дека наместо на Островот ќе дојде во Реал Мадрид.

„Кралевите“ одамна имаат договор со белгискиот голман, но не може да најдат заеднички јазик со Челси, затоа што „сините“ бараат 45 милиони фунти за трансферот, а „кралевите“ нудат 30 милиони, сооглед дека Белгиецот има само уште една година договор на „Стемфорд бриџ“. Но, проблем сега е што Челси на два дена пред крајот на преодниот рок нема многу време да најде замена за него ако се реши да го продаде.

Куртоа во Лондон заработува 100.000 фунти неделно.