Челси остана без една од ѕвездите за дербито со Манчестер сити
Жоао Феликс нема да биде во составот на „сините“ за вечерашното дерби поради семејна трагедија.
Управата на Челси му дозволила на фудбалерот да си замине дома и да биде со семејството во овој тежок период.
Англиските медиуми засега не откриваат повеќе детали, но факт е дека „сините“ ќе бидат ослабени во денешниот меч.