Скандал во Турција: Осимен му удрил бокс на новинар!?

Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен е обвинет дека нападнал турски новинар пред ноќен клуб по натпреварот против Динамо Киев (3-3).

Новинарот Толга Боздуман го обвини Осимен дека му удрил бокс додека правел фотографии со неговите колеги.

„Кога почнавме да сликаме, Осимен почна да вика и трча кон мене. Се обиде да ми ја земе камерата, но ја задржав, по што ми удри бокс во глава.

Осимен негираше дека го удрил новинарот, но призна дека од него бара да ги избрише фотографиите.

„Никогаш не сум го удрил, побарав од него да ги избрише фотографиите. Тоа се мои слики, имам право да кажам дали да ги избрише“, кажа Осимен.