Челси немаше конкуренција летово, заработи 342 милиони евра од продадени фудбалери!

Светскиот клупски шампион Челси беше активен и летово во преодниот рок, но овој пат повеќе продаваше фудбалери, отколку што ангажираше нови засилувања и тоа го покажува финансискиот извештај.

На листата со пет клубови кои најмногу заработиле од продажба на фудбалери, Челси е на првата позиција со неверојатна заработка од 342 милиони евра.

Челси летово ги продаде Нони Мадуеке, Жоао Феликс, Кристофер Нкунку, Ѓорѓе Петровиќ, Кирнан Дјузбери-Хол и други играчи кои не му беа потребни на тренерот Енцо Мареска.

На втората позиција се наоѓа Борнмут со 238 милиони, па следи Баер Леверкузен со 230 милиони, Ливерпул е четврти со 220 милиони и Њукасл на петтото место со 175 заработени милиони евра.