Челси нема да запре со засилувања: Двајца Холанѓани доаѓаат во Лондон!

Англискиот гигант и освојувач на Светското клупско првенство, Челси продолжува со активности на трансфер-маркетот, па во следниот период сака да промовира двајца Холанѓани.

Челси веќе неколку дена преговара со Лајпциг за потписот на Чави Симонс, кој се согласи на преселба во лондонскиот гигант.

Неговиот сонародник Џорел Хато е голема желба на тренерот Енцо Мареска и премиерлигашот, кој има одлични односи со Ајакс и наскоро се очекува двете страни да постигнат договор.

Хато е дефанзивен фудбалер, односно може да покрие повеќе позиции, како што се централен бек и лев бек.