Челси го допре дното: Првотимците загубија и од - младинскиот тим!

Челси беше декласиран во големото дерби од Манчестер сити на „Итихад“ со неверојатни 0-6, а очигледно првотимците на лондонскиот гигант немаат намера да престанат со бледите изданија.

Пред мечот во Лигата на Европа против шведски Малме, ѕвездите од „Стемфорд бриџ“ решија да се загреат и да ја кренат самодовербата пред пресметката во Европа, но не успеаа во својата намера.

Во тренинг-дуелот првотимците успеаа да загубат и од младинците, па тоа беше доволно за медиумите дополнително да „удрат“ по ѕвездите.

Челси се наоѓа во голема криза, а во следниот период им следуваат три големи пресмеки, со Манчестер јунајтед во ФА-купот, со Сити во Карабао-купот и со Тотнем во Премиерлигата.