Чави поднесе тужби против двајца новинари: Точно е, не поднесувам лаги!

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез потврди дека има поднесено тужби против двајца спортски новинари.

Во медиумите се појавуваат разни шпекулации на дневно ниво, но ретко некој се решава да поднесе тужба ако има некоја невистина во написите. Сепак тоа го прави Чави, кој вели дека не може да трпи лаги.

„Да, точно, и ова не ми се случило никогаш претходно“, вели Чави на прашањето дали поднел тужби.

„Ги разбирам критиките, но не толерирам лажење и измислување работи“.

„По некои големи лаги, време е да се каже доста“.